Top Sport

Џентлменски потег на Петр Чех, го однесе на вечера женскиот тим на Арсенал (фото)

Легендарниот чешки голман, 37-годишниот Петр Чех кој ја игра последната сезона во кариерата изведе џентлменски потег, па комплетниот женски тим на Арсенал го изведе на вечера.

Женскиот тим на Арсенал беше победник во лигата во 2011 и 2012 година, по што приматот на најдобри фудбалерки отиде кај девојките од Ливерпул, Манчестер Сити и Челси, кои се и актуелни шампоинки.

Чех со овој потег сакал да им даде поттик на девојките оваа сезона да се закитат на највредното одличје во Англија.
Инаку, Чех е оженет и има три деца.

Ова е фотографијата за спомен:
https://www.instagram.com/p/BuGAuQhnXWc/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Scroll to Top