Top Sport

Џибрил Сисе најде нова работа, како ди-џеј!

Фудбалските вљубеници сигурно се сеќаваат на францускиот фудбалски интернационалец, Џибрил Сисе кој постојано изненадуваше со својот необичен изглед. Посебно на косата и брадата.

Екс-ѕвездата на Ливерпул утре доаѓа во соседството, во Белград.

Напаѓачот кој тресеше мрежи во дресовите на Марсеј, Панатинаикос, Квинс Парк Ренџерс, Лацио и секако, селекцијата на Франција иако се уште не ја завршил (официјално) фудбалската кариера, нашол нова работа.

Тој покрај фудбалот, работи и како ди-џеј, па утре ќе биде покрај миксетата во познат белградски клуб.

Scroll to Top