Top Sport

Формула 1 сезоната ќе започне на 5 јули во Австрија?

Во Формула 1 се надеваат дека новата сезона, чиј почеток беше одложен поради пандемијата на коронавирусот, ќе започне на 5 јули со трката на „Ред Бул ринг“ во Австрија.

„Се надеваме дека сезоната ќе почне тогаш. Би било сјајно и за првенството ако се покаже дека и тоа е доволно сигурно. Знам дека Ред Бул прави се што може за да ја осигура трката. Ако здравствените служби Владата прифатат, така би добиле мотив кој и другите сигурно ќе го прифатат“ – изјави шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер во интервју за „Сан“

Ф1 би можела и да организира чартер авиони за екипите кои би слетувале во базата „Зелтвиг“ која е на 5 минути оддалечена од патеката.

Дополнителните мерки вклучуваат тестирање на сите кои би дошле на патеката, додека пак членовите на екипите би биле распоредени во различни хотели.

Првите 9 трки во новата сезона се откажани или одложени. Во Ф1 се надеваат дека целата сезона ќе заврши со 18 трки.

Scroll to Top