Тренерот по џудо од Прилеп кој сексуално злоупотребил четири малолетнички, доби затворска казна од 20 години.
Пред повеќе од една година Полицијата во Прилеп поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против тренерот по џудо Р.П. (47 години) за сторено кривично дело „обљуба со злоупотреба на положбата“, а сега му беше изречена казната и доби затворска казна од 20 години.
Тренерот од Прилеп беше обвинет за злоупотреба на малолетнички и дека извршил друго полово дејствие врз четири деца кои наполниле 14 години во текот на 2020 година.
Прилепскиот суд му изрече казна од 20 години на Р.П. и забрането му е вршење на дејност и професија во траење од 10 години.