Во Австралија владее голема паника од ширењето на коронавирусот. Речиси сите намирници по маркетите се купени, а екс-тенисерката Јелена Докиќ испрати силна порака.
„Ова е апсолутно ужасно и непотребно, не сум сигурна дали сум лута или тажна. Како некој кој видел војна и бил раселен повеќепати, како некој кој од прва рака видел како е да нема храна во продавница, не затоа што луѓето премногу купуваа, туку затоа што немаше во целата земја. Како некој кој гладен поминал повеќе денови и ноќи и некој кој немал пари да купи храна и како некој кој како дете со часови стоел во зима за да добие мало парче леб, верувајте ми, ова не е потребно. Непристојно е и одвратно“ – вели Докиќ.
Таа претерувањето со купување го спореди со глувците.
„Во тежок и непредвидлив период сме, но има храна и залихи повеќе од доволно за сите. Паничното купување е како кај глувците. Тие луѓе кои купиле повеќе од доволно само покажуваат колку се нељубезни и себични. Да престанеме да сме себични и да се сиединиме за да поминеме низ ова. Да им помогнема на оние на кои најмногу им е потребна помош“ – порача екс-тенисерката Јелена Докиќ.