Сенегалскиот фудбалер кој е дел од Ливерпул, Садио Мане повторно имал непријатни моменти по натпреварот што во вторникот неговиот клуб го играше против Баерн Минхен. Наговиот дом бил мета на крадци кои украле златни часовници, мобилни телефони и клучеви.
Како што информираат медиумите од Островот, крадците имале лесна задача затоа што куќата била празна, сите биле на стадионот „Енфилд“. Штом се вратил дома, фудбалерот пријавил во полиција, па форензичари ги испитувале трагите на разбојниците.
По вторпат домот на Сенегалецот е мета на крадци откако е во Ливерпул. Првпат тоа се случи во 2017 година, додека фудбалерот со тимот на домашен терен играше натпревар од ЛШ против словенечки Марибор.