Top Sport

Дончиќ го носи Далас кон нов триумф, Адетокумбо незадржлив за Шарлот (видео)

Далас Маверикс на крилата на Лука Дончиќ ноќеска стигна до важна победа од 106-101 против тимот Детроит Пистонс.
Дончиќ во својот настап постигна 32 поени, надополнети со по 8 скока и 8 асистенции, 2 украдени топки и 1 блокада.

Милвоки Бакс го забележаа шестиот триумф во ноза во НБА лигата откако синоќа по пресврт во последната четвртини го совладаа тимот на Шарлот со 108-99.

Најдобар кај Бакси повторно беше Јанис Адетокумбо со 34 поени, 14 скокови и 3 блокади.

Ова се сите ноќешни НБА резултати:

Орландо-Вашингтон 91:95, Бруклин-Њујорк 109:99, Кливленд-Мајами 94:100, Чикаго-ЛА Клиперс 101:106, Хјустон-Торонто 121:119, Мемфис-Сакраменто 96:99, Далас-Детроит 106:101, Милвоки-Шарлот 108:99, Денвер-Феникс 132:95, Јута-Минесота 106:102.

https://youtube.com/watch?v=T9VwsNhE2OI

https://youtube.com/watch?v=w611yvQJ4SY

Во продолжение и 10-те најдобри потези во НБА лигата:

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');