Младиот кошаркар на Далас Маверикс, Словенецот Лука Дончиќ вели дека сака да биде како Германецот Дирк Новицки кој 21 година помина во клубот од Тексас.
Дончиќ одигра одлична руки – сезона, беше најдобар „новајчија“, а пофалбите стигаа од сите страни.
Сопственикот на Далас, Марк Кјубан одлучи да ја активира третата година од руки-договорот на словенечкиот кошаркар, со што тој ќе заработува околу 8 милиони долари по сезона.
„Дирк овде беше 21 година, се надевам дека ќе останам и ќе тргнам по неговите стапки. Важно е да изградиме победнички менталитет. Сакаме во плеј-оф и мислам дека ќе можеме да играме во завршницата во наредната сезона. Ова ќе биде моја трета година овде, се разбира дека сум возбуден, како и целиот тим“ – изјави Дончиќ.