Top Sport

Дончиќ со нов трипл-дабл, ама Далас загуби, продолжува падот на Сакраменто (видео)

И Лука Дончиќ не е семоќен. Иако ноческа го оствари својот десетти трипл-дабл ефект сезонава, сепак неговиот Далас беше поразен со 123-120 по продолжение од тимот на Шарлот Хорнетс.

Дончиќ мечот го заврши со скор од 39 поени, 12 скока и 10 скока.

За победата на Хорнетси најзаслужен беше Тери Роизер со 29 поени, 8 асистенции и 6 скока.

Очајна вечер имаа српските кошаркари во НБА лигата.

Никола Јокиќ и неговиот Денвер беа поразени од Вашингтон со 128-114, а центарот мечот го заврши со 14 поени, 10 скока и 4 асистенции. На Нагетски не им помогна ниту блескавата партија на Џемал Мареј кој уфрли 39 поени, но сепак го загубија мечот и сега го делат второто место на Западот со Хјустон со скор 24-11.

Нов пораз доживеа и Сакраменто Кингс овојпат од Њу Орлеанс со резултат 117-115. Богдановиќ не настапи поради повреда, а Бјелица мечот го заврши со 12 поени и 10 скока. Сакраменто во поседните 10 меча иа само една победа.

Ова се сите ноќешни резултати во НБА: Бруклин – Торонто 102-121, Орландо – Јута 96-109, Атланта – Индијана 116-111, Кливленд – Оклахома 106-121, Чикаго – Бостон 104-111, Вашингтон – Денвер 128-114, Далас – Шарлот 120-123 (по продолженија), Голден Стејт – Детроит 104-111, Милвоки – Сан Антонио 127-118, Сакраменто – Њу Орлеанс 115-117.

Scroll to Top