Top Sport

Дост и Силва донесоа победа за Ајнтрахт (видео)

Новите засилувања Бас Дост и Андре Силва постигнаа по еден гол за Ајнтрахт Франкфурт да стигне до 2:1 победа над новиот бундеслигаш, Унион Берлин во петокот.

Унион Берлин се обидуваше да направи ново изненадување во првата сезона во Бундеслигата по победата над Борусија Дортмунд и имаа неколку шанси во првото полувреме, кога Кевин Трап двапати спасуваше сигурен гол.

На стартот на второто полувреме, Холанѓанецот Дост, кој дојде од Спортинг Лисабон, успеа да ги донесе гостите во водство во 48. минута со својот втор гол оваа сезона, пред Андре Силва да го постигне својот втор гол за новиот тим во 62. минута. Сепак, финишот беше интересен, бидејќи замената Ентони Уџа намали на 2:1, но домаќините не успеаја да стигнат до вториот гол.

Scroll to Top