Top Sport

Ливерпул се договориле со „Најк“ за нови дресови, „Њу баланс“ на суд ја бара правдата

Ливерпул се договориле за договор за спонзорство на дресовите со „Најк“ за 30 милиони фунти по сезона, за 15 милиони фунти помалку од сегашниот договор со „Њу баланс“, компанија со која се во судски спор и која тврди дека нивниот договор им дозволува да ја достигнат цената на другата понуда.

Според „Тајмс“, сегашниот договор на Ливерпул со „Њу баланс“ вреди 45 милиони фунти по сезона, и тие понудиле ист договор како „Најк“. Зачудувачки е што „Најк“ има далеку поскапи договори со клубови како Челси и Тотенхем (над 50 милиони фунти по сезона) и Пари Сен-Жермен (70 милиони фунти по сезона).

Логиката на „Црвените“ е таа што договорот со „Најк“ дава можност клубот да биде промовиран од три не-фудбалски ѕвезди – Серена Вилијамс, Дрејк и Леброн Џејмс и дава „поголема вредност“ на долги патеки. Ливерпул веќе изготвиле споредба на договорот со „Њу баланс“ и „Најк“ и според неа, со „Најк“ ќе имаат двојно поголема продажба на своите дресови.

Судењето со „Њу баланс“ почнува на 18 октомври.

Scroll to Top