Top Sport

Довициозо „го прелета“ Маркез и новиот Мото ГП го стартуваше со победа

Андреа Довициозо од Дукати е победник на трката за ГН на Катар. Со оваа трка официјално започна новиот шампионат во Мото ГП.

Довициозо победата ја однесе со 23 стотинки предност пред Шпанецот Марк Маркез. Трет на подиумот се најде Кал Крачлоу од Хонда.

Легендарниот Валентино Роси на денешната трка стартуваше од 14. позиција, а успеа трката да ја заврши како петтопласиран.

Следната трка е на 31 март, за ГН на Аргентина.

Scroll to Top