Во вечерашните мечеви од четвртото коло во фудбалската Лига на шампиони стрелците беа навистина расположени. На шесте меча кои започнаа во 21 часот беа постигнати вкупно 22 гола.
Најдраматично беше во Загреб каде хрватскиот првак Динамо (З) чиј капитен е нашиот репрезентативец, Аријан Адеми пропушти триумф за историско осминафинале во 97 минута.
Адеми беше стрелец на третиот гол за својот тим на асистенција на Олмо, тогаш за 3-1 во 89 минута. Сепак хрватскиот шампион прими гол од пенал во последните моменти за конечни 3-3.
GNK Dinamo Zagreb 3-1 Shakhtar Donetsk
89′ Arijan Ademi pic.twitter.com/40Kmy6jL6y— World GOALS! (@WorldGoalss2) November 6, 2019
Реал Мадрид на „Бернабеу“ го понижи турски Галатасарај, конечниот резултат на мечот беше 6-0. Хет-трик на мечот постигна младиот Бразилец, Родриго, двапати во листата на стрелците се запиша Бензема, а стрелец од белата точка во првото полувреме беше и капитенот Рамос.
Францускиот шампион, ПСЖ обезбеди осминафинале откако вечерва со 1-0 славеше победа против Клуб Бриж. Стрелец на единствениот гол за „светците“ беше Икарди во првото полувреме. ПСЖ има 4 победи од исто толку меча.
Во Белград, екипата на Црвена Звезда доживеа дебакл од Тотенхем 0-4.
Атлетико Мадрид доживеа шокантен пораз од Баер Леверкузен со 2-1, а два важни бода за влез во следната рунда загуби и Манчестер Сити во Бергамо, кај Аталанта. Мечот заврши 1-1.