Top Sport

Дубаи: Ѓоковиќ лесно го среди Колшрајбер и закажа дуел со „стар должник“

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ ќе игра во четвртфиналето на АТП турнирот во Дубаи откако попладнево, по само еден час игра, со 2-0 (6-3 и 6-1) го совлада Германецот, Филип Колшрајбер. Со тоа, Ѓоковиќ закажа четвртфинална пресметка со рускиот тенисер, Харен Качанов.

Во првиот сет од денешниот меч на фаворитот му беше доволен само еден брејк за да дојде до планираното водство од 1-0. Шестиот гем му пресуди на Колшрајбер.

И во вториот сет немаше шанса за индиспонираниот германски тенисер да дојде до нешто повеќе освен убедлив пораз и крај на настапите во Дубаи.

Следниот предизвик на Ѓоковиќ, рускиот тенисер Качанов „му е должник“ на првиот светски рекет. Русинот пред 2 години му го зема трофејот на Србинот на Мастерсот во Париз.

Scroll to Top