Американскиот кошаркарски центар, Двајт Хауард добил покана да учествува на Ол-стар викендот, во категоријата забивање, кој оваа година е предвидено да се одржи во Чикаго.
Хауард играјќи за Орландо Меџик важеше за еден од најдобрите центри во НБА лигата, а во 2008 година имаше чест и да го освои истото натпреварување – во забивање.
Тој тогаш во Њу Орлеанс беше подобар од Риди Геј, Џамари Мун и Џералд Грин откако со црвен плашт на грбот, преправен како Супермен ја воодушеви публиката.
Овогодинешните организатори на Ол-стар викендот испратија покана до Хауард кој сега е член на ЛА Лејкерс, но тој се уште не одлучил дали ќе ја прифати.