На последните два натпревари од 10 коло во германската Бундес лига Борусуја Менхенгладбах денеска со високи 3:0 славеше против Фортуна Диселдорф. Двоен стрелец беше Тордан Хазард, а еден погодок беше дело на Јонас Хофман.
На последниот меч Мајнц го победи Вердер Бремен со 2:1 и со тоа избега од зоната за испаѓање. Жан Матета и Жан Гбамин беа стрелци за домашниот тим, а почесен погодок за гостите постигна Клаудио Пизаро.
На врвот на табелата во Бундес лигата по 10 кола се двете Борусии.
Прва е Борусија Дортмунд со 24 бода, 20 има Борусија Менхенгладбах, Баерн е трет исто со 20 бода, но и полоша гол разлика, а четврти со 19 бода е тимот на Лајпциг.