Херта Берлин со значајна минимална победа во Бундеслигата против Ајнтрахт Франкфурт со 1-0.
На „Олимпискиот стадион“ во Берлин немаше многу убавина во натпреварот, а стрелец на единствениот погодок беше Србинот Марко Грујиќ во 40. Минута.
Херта со трите бода сега е на шестото место на табелата со 23 бода, а Ајнтрахт е едно место погоре, исто со 23 бода.