Top Sport

Вардар во неизвесен меч го реши Железничар во СЕХА со 22:24

Ракометарите на скопски Вардар во рамки на 11. коло од СЕХА лигата забележаа важна победа против Железничар во Ниш со 22:24.

Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, а последниот 24-ти гол за Вардар беше дело на Игор Караџиќ на 6 секунди пред крајот, за заверка на победата на фаворитот.

Најефикасен кај гостинскиот тим беше Дисингер со 5 погодоци, Чупиќ и Кристопанс постигнаа по 4 гола, а Кисељев постигна три погодоци, голманот Милосављев имаше 9 одбрани.

Кај домаќините најефикасни беа Александар Павловиќ и Предраг Вејин со по 4 погодоци.

Со оваа победа Вардар се враќа на лидерската позиција во СЕХА лигата со 27 подови, пред Татран Прешов кој останува на втората позиција со 24 бода.

Железничар чиј тренер е Веселин Вујовиќ по ова кола останува на 8. позиција на табелата.

Scroll to Top