Top Sport

Еден гол = 3 бода за Херта против Ајнтрахт (видео)

Херта Берлин со значајна минимална победа во Бундеслигата против Ајнтрахт Франкфурт со 1-0.

На „Олимпискиот стадион“ во Берлин немаше многу убавина во натпреварот, а стрелец на единствениот погодок беше Србинот Марко Грујиќ во 40. Минута.

Херта со трите бода сега е на шестото место на табелата со 23 бода, а Ајнтрахт е едно место погоре, исто со 23 бода.

Scroll to Top