Помина точно една година откако Дани Себалос постигна гол од слободен удар во дресот на Реал Мадрид, против екипата на Бетис. Никој од навивачите на Кралскиот клуб тога се чини не ни помислувал дека ќе следи толку долг пост кога се работи за овој вид на погодоци.
Оттогаш, фудбалерите на Реал имале 19 обиди да ја затресат мрежата од прекин, а притоа шутираа 8 различни фудбалери.
Реал Мадрид е 35-ти на табелата според реализација на слободни удари (листата ја сочинуваат екипи од петте најсилни европски лиги).
За тоа време, првата ѕвезда на Барселона, Лео Меси имаше 49 можности за погодок од слободен удар, а Барселона вкупно 57.
Од моментот кога Себалос постигна гол, 81 екипа од Топ 5 лигите постигна гол од слободен во првенствени мечеви.
Најмногу прилики да ја прекине црната низа имаше Велшанецот Герет Бејл – дури 9, а втор е Касемиро со 4.
Кристијано Роналдо, актуелниот играч на Јувентус, реализираше 33 слободни удари од 444 обиди во мадридскиот клуб. Од неговото заминување од Реал, во 2018 година, Кралевите само двапати погодиле од слободен. Еднаш Себалос и еднаш Иско.
Интересен податок – од заминувањето од Реал до сега ниту Роналдо не погодил од слободен удар, во дресот на Јувентус.