Top Sport

„Ех да можеше, Дончиќ и Новицки ќе беа новите Џордан и Пипен“

Сопственикот на Далас Маверикс, Марк Кјубан во интервју за „FanSided“ рече дека Лука Дончиќ може да го прескочи легендарниот Дирк Новицки и да стане најдобриот играч во историјата на клубот.

„Мислам дека може тоа да го стори затоа што играта многу се промени, денес е се многу поотворено, за разлика од времето кога Дирк дојде во НБА. Лука е тука во предност, може да стане МВП, се надевам дека може да освои некој прстен“ – вели Кјубан.

Тој рече дека замислува како би изгледало Дончиќ и Новицки заедно да играат. Словенецот и Германецот официјално поминаа една заедничка во Далас, онаа последната во кариерата на Новицки, а првата во НБА на Дончиќ.

„Можете да замислите – тие би биле новите Мајкл Џордан и Скоти Пипен. Сите знаевме дека Дончиќ е добар, но не изненади колку брзо напредуваше“ – заклучи Кјубан.

Scroll to Top