Top Sport

И Горан Иванишевиќ е позитивен на Ковид 19

Поранешниот хрватски тенисер, а сега актуелен тренер на Новак Ѓоковиќ – Горан Иванишевиќ е позитивен на вирусот Ковид 19, информираа предмалку хрватските медиуми. Тој е последниот во низата заразени со вирусот кои имаа учество на „Адрија тур“ во организација на првиот светски тениски рекет.

„За жал, по два негативни теста во последните 10 дена, штотуку ги добив резултатите од денешниот трет тест, тој е позитивен на Ковид 19. Се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Ги известувам сите кои беа со мене во контакт и ги замолувам да ги преземат сите потребни чекори да се заштитат себе си и своите блиски. Јас продолжувам со самоизолација. На сите заразени и посакувам брзо опоравување“ напиша Иванишевиќ.

Тој беше директор на турнирот во Задар кој беше прекинат пред самото финале откако се дозна дека бугарскиот тенисер, Григор Димитров има коронавирус.

Scroll to Top