Top Sport

Пораз на македонските фудбалски надежи од Чешка

Пораз на македонската фудбалска репрезентација (У19) на квалификацискиот турнир за ЕП 2019 од Чешка нагости со 2:1.

Сега нашите надежи, по овој пораз, последната шанса за пласман меѓу елитата ќе ја бркаат против Луксембург каде ќе треба победа од минимум два гола разлика, но под услов Чешка да ја совлада Хрватска без притоа да прими гол.

Чешка со 1:0 поведе во 29 минута, стрелец Златохлавек. На вториот гол се чекаше до 53 минута кога Чесите поведоа со 2:0м по асистенција на Златохлавек, Кушеј вторпат го матираше нашиот голман.

Единствениот погодок за нашата селекција беше дело на Ѓорѓиевски во 67 минута откако чешкиот голман несмасно реагираше за да ја отстрани опасноста, па топката удри во нашиот фудбалер и заврши во мрежата.

Scroll to Top