Top Sport

Еибар нема шанси на „Ноу камп“, Меси и Суарез доволни за нов триумф (видео)

Барселона со нова рутинирана победа на домашен терен во Примера, жртва Еибар, победа од 3-0 за Каталонците.

Со головите на Суарез во 19 и 59 минута и со погодокот на Меси во 53 минута Барселона го победи тимот на Еибар и се зацврсти на врвот на табелата со +5 бода зад второпласираниот тим на Атлетико Мадрид.

Лутиот ривал на Барселона, Реал Мадрид вечерва гостува кај Бетис.

Со овој пораз Еибар сега се наоѓа на 16 место, на само 3 три бода над опасната зона за испаѓање од Примера.

Scroll to Top