Top Sport

Шпанија на искуство ги среди „Рибарите“ кои одлично парираа со нови сили

Репрезентација на Шпанија ја победи репрезентацијата на Исланд со 32-25 и ја забележа втората победа во вториот меч на Мундијалот во Германија и Данска.

Пулените на Рибера имаа контрола на резултатот во текот на целиот меч, играа тактички зрело и не им дозволија на младите „рибари’ да се понадеваат на бодови.

На полувремето Шпанците отидоа со солидна предност од 5 гола, 19-14 пред се благодарение на головите од брзите крила.
Во вториот дел шпанскиот селектор започна со рокади на играчите, сите 16 ракометари добија шанса за игра, па полека се стопи предноста. Скандинавците на десет минути до крајот стигнаа на -3, но тоа беше нивниот максимум.

Најпрецизни во Шпанија беа Соле со 5 и Сармиенто и Гомез Абело со 4 гола, а кај Исланд најмногу голови постигна Гудмунсон, 6 додека капитенот Арон Палмарсон постигна 5 гола.

По завршеното второт коло во групата Б во Минхен, Шпанија, Хрватска и Македонија имаат по две победи, а Јапонија, Бахреин и Исланд се со по два порази.

Scroll to Top