Поранешниот француски голман, Себастијан Фреј кој имаше ѕвездени моменти чувајќи ги мрежите на Интер, Парма, Фиорентина и Џенова по долго време се огласи на Инстаграм. Тој вели дека со многу среќа едвај останал жив откако пред 3 недели со висока температура отишол во болница каде му бил дијагностициран страшен вирус.
„Пред 3 недели ме однесоа во болница оти имав 40 степени температура која не се симнуваше. По неколку испитувања ми пронајдоа вирус кој полека ме онеспособуваше и кој лесно можеше да ме убие. Сега имам нов предизвик, да се вратам на одењето, да работам и да го држам своето бебе во прегратка. Секогаш играв за да победам, па и сега имам сила и одлучност да ја добијам и оваа битка“ – напишал Фреј на Инстаграм.
Фреј фудбалската кариера ја заврши во 2015 година во тимот на Бурсаспор во Турција.