Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас непосредно по потпишувањето на петгодишниот договор во италијански Наполи, веднаш ја доби довербата на тренерот Карло Анчелоти.
Денеска Елмас доби шанса за деби во новиот клуб, на пријателски меч против второлигашот Кремонезе.
Македонскиот фудбалер доби можност за игра во 68 минута, а непосредно потоа Наполи поведе со 3-2.
До крајот на мечот жилавиот противник се избори за реми (3-3), а Елмас можноста да ја почувствува играта на својот тим.
Непосредно пред дуелот, македонскиот фудбалер доби овации од публиката, а беше мета и на фоторепортерите кои сакаа да го овековечат неговото појавување во синиот дрес на клубот од Неапол.
welcome Elif Elmas pic.twitter.com/7siPOpJYNC
— arrow (@coldblackarrow) July 24, 2019