Поранешниот американски тенисер и грен слем шампион, Енди Родик повторно реагира поради неодговорно и немарност на одредени луѓе кои со своето однесување ги загрозуваат ругите, посебно оние за кои коронавирусот би можел да е фатален.
Родик со денови апелира луѓето во САД да се придржуваат до правилата и апелите на надлежните во врска со спречувањето на опасниот вирус, а дури и обелодени дека во неговото семејство има заразени со коронавирусот.
Тој на Твитер сподели снимка од телевизијата „СБS“ која направи анкета меѓу бројните туристи во Мајами кои очигледно не се замараат многу со Covid-19 и не ја разбираат сериозно целата ситуација.
Поголемиот број од анкетираните рекоа дека дошле на југот на Флорида да „врвно да се забавуваат и да испијат многу алкохол не водејќи грижа за вирусот“.
Тоа го доведе до лудило екс-тенисерот, па напиша:„ Колку сме еб.но глупави“.
“If I get corona, I get corona. At the end of the day, I’m not gonna let it stop me from partying”: Spring breakers are still flocking to Miami, despite coronavirus warnings. https://t.co/KoYKI8zNDH pic.twitter.com/rfPfea1LrC
— CBS News (@CBSNews) March 18, 2020