Top Sport

Епска измама во НБА: Сите збунети, „крадецот“ Зелер со лесно забивање (видео)

Милвоки ноќеска го победи Шарлот во НБА лигата, ама шоуто на вечерта е во режија на кошаркарот Коди Зелер.

Гостинскиот кошаркар направи измама каква што не се памети во најквалитетната светска кошаркарска лига.

Во втората четвртина Зелер застана на линијата за слободни фрлања. Првото го погоди, па неговиот тренер побара тајм-аут.

Во вториот обид од линијата, по завршувањето на тајм-аутот топката падна во рацете на Адетонкунбо, но домашните кошаркари беа збунети, заборавија дека всушност се работи за второ слободно фрлање.

И додека сите очекуваа Зелер повторно да шутира од линијата, тој дојде до Гркот, ја зема топката од неговите раце и лесно поентираше.

Погледнете ја епската измама:

Scroll to Top