Top Sport

Венус и на 38 години не запира, ја среди третата во свет Квитова во Индијан Велс

Американската тенисерка Венус Вилијамс (38) се пласираше во третото коло на мастерсот во Индијанс Велс. Таа со пресврт ја совлада третата светска тенисерка, Петра Квитова во маратонски меч.

Квитова првиот сет го доби со 6-4, а во вториот имаше водство од 3-0. Кога сите помислија дека лесно ќе се справи со ветеранката, Венус се погрижи за пресврт. Го освои вториот сет со 7-5 и израмни на 1-1.

Во третиот одлучувачки сет Вилијамс беше поуспешна со 6-4 и заслужено се избори за трето коло.

Пласман во следно коло ноќеска обезбедија и Плишкова, Колинс, Бенчиќ и Осака.
https://youtube.com/watch?v=jnOle0_P_Lo

Scroll to Top