Големо признание доби српскиот центар од екипата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ. Влијателниот ЕСПН го смести Србинот на седмото место на најдобри играчи во НБА за минатата сезона.
„Тој ги чини играчите подобри, го користи својот одличен преглед на теренот. За Денвер е неопходно да биде поагресивен и да ја подигне играта на последното – највисоко ниво. Има можност тоа да го стори и екипата од Колорадо да ја направи легитимен кандидат за титулата“ – се наведува во соопштението од ЕСПН.
Како трет најдобар играч за минатата сезона е прогласен Леброн Џејмс, а најдобрата десетка ја сочинуваат уште и Џејмс Харден, Ентони Дејвис, Стеф Кари, Џоел Ембид, Демијан Лилард и Пол Џорџ.
Имињата на двајцата најдобри играчи за минатата сезона ќе бидат соопштени утре.