Битолски Еурофарм Работник и во вториот меч од ракометниот ЕХФ Куп доживеа пораз. Во Битола домаќините беа поразени од унгарска Татабања убедливо со 21-31.
Еурофарм ослабен, без искусниот Пецаковски и организаторот на играта, Филип Чурлевски (повреден) не можеше да им парира високите Унгарци, а во нападот немаше креација, топките брзо се губеа.
Најефикасен кај домашните беше Остроушко со 9 гола, а по 3 погодока постигнаа Кузмановски и Граџан.
Кај Татабања Вујовиќ, Јухаж, Роста и Григораш постигнаа по 5 гола.
Еурофарм во следното коло, наредниот викенд од групната фаза оди во Нашице кај Нексе со надеж дека ќе дојде до првите бодови.