Top Sport

Партизан победник на куп-финалето против Црвена Звезда во Ниш (видео)

Кошаркарите на белградски Партизан го освоија српскиот кошаркарски куп „Куп на Радивое Кораќ“ по победата над вечниот ривал, Црвена Звезда со резултат 76:74.

Натпреварот кој се одигра во салата „Чаир“ во Ниш беше решен со слободни фрлања во последните стотинки од мечот, по што трофејот повторно е „црно-бел“.

Партизан на полувремето имаше предност од четири поени, 37-33. Сепак вистинските возбудувања дојдоа во финишот на мечот.

Партизан водеше со 74:72. Звезда израмни на 74:74.

Партизан имаше само 2 секунди за напад. Ландејл беше фаулиран со звукот на сирената, по што Партизан ги искористи „пеналите“ за нов трофеј.

Најефикасни кај Партизан беа Ренфроу и Ландејл со по 18 поени, а кај Звезда најдобар поединец беше Били Барон со 18 поени.
Погледнете го последниот напад на Партизан:

Scroll to Top