Top Sport

Еурофарм Пелистер загуби и од Монпелје на турнирот во Добој

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер забележа уште пораз на меѓународниот турнир во Добој. Во последното коло од групната фаза пелистерци беа немоќни против Монпелје и загубија со 26:29.

Првиот период бепше израмнет, двете екипи се менуваа во водство, а по 20 минути резултатот беше 8:8. Сепак, францускиот тим на полувреме имаше позитива од еден гол (11:12).

Во второто полувреме Монпелје додаде гас, поведе и со девет гола предност, а до крајот Еурофарм Пелистер успеа да спушти на пристојна негатива од три гола (26:29).

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');