Шпанскиот фудбалер, Цеск Фабрегас на социјалните мрежи сподели радосна вест поврзана со неговата 95-годишна прабаба која успеала да се излекува од коронавирусот. Со тоа таа претставува феномен од медициснки ранг како една од најстарите личности кои успеала да го победи опасниот вирус.
Фудбалерот на француски Монако им се заблагодари на докторите и сестрите кои им помагаат на сите заболени од Кобид 19 ширум светот.
„Има 95 години и го победи коронавирусот. Вчера нејзиниот тест беше негативен. Мојата баба е суперхерој, но ништо не би било можно без помош на сестрите и докторите кои им помагаат на сите овие луѓе. Почит за сите од нив за тоа што го прават деноноќно и големо благодарам“ напиша Фабрегас на Инстаграм постирајќи фотографија од својата прабаба.