Top Sport

Фановите на Јуве бесни, ги нема веќе „црно-белите“ ленти на дресовите (видео)

Шампионот на Италија, тимот на Јувентус го објави дизајнот на новите домашни дресови за наредната сезона, но фановите не се воодушевени. Новиот дрес е поделен на цена и бела половина, а двата дела ги одвојува розева црта која оди по средината на дресот.

Драстичната промена од она што се навикнати да го гледаат фановите на „Старата дама“ е што ги нема „црно-белите“ ленти кои се заштитен знак на клубот цели 116 години, од 1903 година.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, промената е на барање на Американците затоа што дресовите се слични како униформата која ја носат судиите во бејзбол (американски фудбал). Јувентус се обидува да се пробие на американскиот пазар, па на овој начин веруваат дека ќе продадат поголем број дресови.

Scroll to Top