Криза го тресе фудбалскиот клуб Шалке 04, па по саботниот дебакл на домашен терен со 0-4 од Фортуна Диселдорф, домашните навивачи предизвикаа инцидент. Неколкумина фанови на клубот се симнаа на теренот и ја извадија капитенската лента од предводникот на тимот.
Шалке, кој игра осминафинале во ЛШ многу слабо ја игра годинашнава Бундес лига. Шалке е во долната зона на табелата и е на само 4 бода од тимот кој се сели во втора лига.
Доменико Тедеско, еден од најперспективните германски тренери се наоѓа пред отказ, а конечната одлука се очекува од спортскиот директор на клубот.
Шалке минатата сезона беше вицешампион во лигата, а досега по 24 меча има освоено само 23 бода.
„Верувам во својата работа, не сум некој кој така лесно си заминува“ вели Тедеско.
Тој по саботниот меч ги однесе играчите да се соочат со навивачите и да се извинат за својата игра. Капитен на овој меч беше Бенџамин Стамбули, а двајца навивачи му ја извадија лентата, која треба да припаѓа на Ралф Фарман, резервниот голман на тимот.
На капитенската лента е испишано името на трибината каде се наоѓаат најверните навивачи на клубот.