Top Sport

СЕХА дербито во Скопје со многу повредени играчи, на Мешков му „гори под нозе“

Утрешното дерби во СЕХА лигата во Скопје меѓу Вардар и Мешков Брест ќе го пропуштат неколкумина играчи од двата табота.

Кај Вардар надвор од стројот за овој меч, кој на „црвено-црните“ не им е од големо резултатско значење, се Кристијан Дисингер, Вуко Борозан и Сергеј Горбок.

Германецот заработи повреда на саботниот меч против Монпелје, а Црногорецот и Русинот се во фаза на опоравување од повредите.

За разлика од Вардар, на Мешков овој меч му е од особено значење. Белорусите се борат со Татран Прешов за четвртото место на табелата кое носи пласман на Ф4.

Кај Мешков на овој меч нема да настапат Александар Шкурински, Павел Хорак и Сандро Обрановиќ.
Почетокот на дуелот е во 17.15 часот во салата „Јане Сандански“.

Scroll to Top