Top Sport

Федерер: Нема дилема, Новак е фаворит на Австралија опен!

Актуелниот шампион на Австралија опен, Швајцарецот Роџер Федерер истакна дека Новак Ѓоковиќ е прв фаворит оваа година да го освои пехарот во Мелбурн. Ѓоковиќ е фаворит и според обложувалниците, но во секој случај признанието од Федерер е примамливо, само доколку не се работи за психолошка игра, за притисокот да се префрли врз Србинот.

„Без дилема, Новак е фаворит. Без оглед на тоа што му се случи во Доха, имаше супер квалитетни 5-6 месеци. Порано се мачеше, но кога ја пронајде својата игра, му се врати самодовербата и претешко е да го победиш. Луѓето секогаш се прашуваа дали некогаш повторно ќе се врати на врвот, но тој знае да го удира топчето, се останато беше до телото“ – изјави Федерер.

Швајцарецот признал дека и самиот е изненаден што минатите две сезони успеваше да го подигне вредниот пехар во Малбурн.

„Освојување на две последователни титули во Австралија, во средината на четвртата деценија ми е едно од најдрагите достигнувања во кариерата, не очекував дека може тоа да се случи“ – потврдува Федерер.

Scroll to Top