Top Sport

Третина од работата е завршена, Шведска го здроби Азербејџан – за Македонија

Македонските одбојкари, кои вечерва во 20.15 часот во СРЦ „Кале“ го играат последниот натпревар од квалификациите за ЕП против Унгарија засега можат да здивнат. Швеѓаните ја завршија својата „обврска“, лесно и убедливо го совладаа Азербејџан за да ја остават нашата селекција во игра за едно од местата кои водат на Европското првенство.

Математиката која Македонија ја води на прв континентален собир како една од петте најдобри второпласирани селекции во групите е можна само доколку ние со 3-0 вечерва ја победиме Унгарија, а за нас победи на домашен терен извојуваат Шведска над Азербејџан, односно Летонија над Израел.

Едната дилема е решена, позитивно за нас, Шведска со 3-0 (по сетови 25-13, 25-19 и 25-16) го порази Азербејџан, сега останува во 18.30 часот да го чекаме почетокот на дуелот Летонија – Израел, на кој би било идеално бодовите да останат кај домаќинот.

Доколку и тоа се случи, тогаш македонските одбојкари сами ќе решаваат за својата судбина.

Scroll to Top