Турскиот кошаркарски клуб Фенербахче на челната позиција на Евролигата го заврши регуларниот дел од сезоната откако вечерва го совлада Макаби Тел Авив со 78-75.
Иако Макаби Тел Авив се покажа како тврд орев, имаше и императив на победа поради можноста да влезе во плеј-офот, сепак турскиот гигант предводен од Србинот Обрадовиќ на кормилото не дозволи изненадување и во последните моменти со тројката на Слукас го реши победникот.
Kostas Sloukas for the WIN ?#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/QtUEspk5Db
— EuroLeague (@EuroLeague) April 5, 2019
Најпрецизен кај Фенер беше Слукас со 22 поени, додека кај Макаби се истакна Блек со 23 поени.
Во вториот вечерашен меч од Евролигата германски Баерн Минхен славеше немаше проблеми против шпанска Гран Канарија, победа со резултат 84-77. Овој резултат немаше големо резултатско значење затоа што двата тима уште од порано ги загубија шансите за плеј–офот.
Во третиот вечерашен натпревар Олимпијакос лесно се справи со Дарушафака (99-74) во меч без големо резултатско значење. Дарушафака ја заврши годинешната Евролига на последната позиција, додека Олимпијакос заврши како деветти без можност за разигрување за повисок пласман.