Top Sport

Фенерџијата Киево му „украде“ 2 бода на Интер во 91 минута (видео)

Милански Интер со нов кикс во Серија А. Имаше добиен натпревар во Верона кај фенерџијата Киево, водеше со минимални 1-0 се до 90 минута и тогаш дозволи домаќините да им украдат два бода.

Серџо Пелисие со голот во 91. минута израмни за конечни 1-1.

Претходно водството за Интер го донесе Хрватот, Иван Перишиќ.

По 17 кола, Интер е трет на табелата со 33 бодови, а Киево останува закован на дното со само 5 освоени бодови.

Попладнево својот натпревар го одиграа и Парма и Болоња, заврши со почетниот резултат 0-0.

Scroll to Top