Top Sport

„Петарда“ од Јунајтед за Кардиф, деби од соништата за Солскјер (видео)

Феноменална партија одигра попладнево тимот на Манчестер Јунајтед под водство на новиот тренер, Оле Гунер Солскјер кој имаше деби на клупата, на гостувањето кај Кардиф. „Црвените ѓаволи“ забележаа уверлив триумф од 1-5 играјќи со офанзивна тактика.

Резултатот беше отворен многу рано, уште во 3 минута, Рашфорд прецизно стрелаше од слободен удар за 1-0. Вториот ефектен гол беше дело на Ерера во 29 минута, з 0-2.

Тука домашните играчи „покажаа заби“, па по пеналот кој го реализираше Камараса намалија на 1-2. Сепак до крајот на првиот дел Јунајтед замина со високи 1-3 благодарение на погодокот на Марсијал во 41 минута од мечот.

Во вториот Јунајтед повторно ја сресе мрежата на Кардиф, на 1-4 зголеми Лингард од пенал, по фаулот над него во казнениот простор. Конечните 1-5 на мечот беа дело на Пол Погба

Манчестер Јунајтед сега е шести на табелатапозиција на табелата во Премиер лигата со 29 бода.

Scroll to Top