Top Sport

Фернандо Алонсо може да се врати во Ф1 уште оваа сезона

Двојниот шампион на Формула 1, Шпанецот Фернандо Алонсо би можело повторно да го гледаме во болидите на најбрзиот октански циркус во светот и тоа уште оваа година.

„Кориере дела Сера“ пишува дека Шпанецот би можел да се приклучи на тимот на Ред Бул Хонда на местото на Пјер Гасли.

Французинот во досегашните трки не ги исполни очекувањата на Ред Бул, добра само 55 бодови додека неговиот тимски колега Макс Ферстапен има 162 бода.

Ред Бул е познат по тоа што секогаш дава шанса на млади возачи, но за разлика од минатите години, сега изборот е скромен, а враќањето на Алонсо би бил сериозен возачки и маркетиншки потег.

Scroll to Top