Top Sport

„Веѓата“ во Лејкерс: Дознав од Инстаграм, Леброн ми се јави по 10 минути

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони „веѓата“ Дејвис вели дека од социјалните мрежи дознал дека е трејдуван во Лос Анџелес Лејкерс. Тој беше гостин во емисијата на познатиот водител Џими Кимел каде раскажуваше за првите импресии од ЛА откако го напушти Њу Орлеанс по седум години.

„Интересно е што слушнав дека се било средено во текот на ноќта и тогаш тргнаа тагови на Инстаграм, па тоа го видов следното утро кога се разбусив. Бев во еден хотел во Малибу и гледав филм со Мет Дејмон. Во тој момент ми се јави агентот и ми вели дека сум трејдуван во Лејкерси“ – раскажува Дејвис.

Тој изјави дека не му поверувал на менаџерот, но кога го отворил Инстаграм и видел дека информацијат е буквално насекаде, тогаш поверувал дека е вистина.

Многу брзо по телефонскиот разгоор следувала порака, од новиот соиграч, Леброн Џејмс.

„Десетина минути потоа добив порака „братеее, конечно ќе играме заедно“. Ми беше драго што еден таков лик одлучи да биде еден од првите што ми честитаа и ми посака добредојде“ – рече „веѓата“.

Scroll to Top