Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен и Ред Бул, се големи фаворити за победа на Големата награда на Унгарија и ако го сторат тоа, тимот ќе го израмни рекордот на Мекларен од 11 последовни први места во една сезона и ќе забележи 12 последователни победи со последниот триумф од 2022 година. Сепак, Макс објасни дека не е загрижен за рекордите.
„Искрено, не размислувам за тоа, само доаѓам на патеката и се обидувам да победам“, објасни Ферстапен.
„Ако победиме ќе го подобриме рекордот, но за мене победата е поважна. Не размислувам за рекорди во сезоната, само за победи“.
За разлика од поранешната ѕвезда на Ред Бул, Себастијан Фетел, Макс признава дека не размислува за статистичките димензии на неговиот успех во Формула 1.
„Сезоната тече со полна сила, на секоја трка имаме сериозни ривали, мислам дека сега не е моментот кога можам да трошам време на статистика, достигнувања и нешто слично. Има кој да размислува за овие работи, сѐ уште е рано за мене“, дополни Макс Ферстапен.