Top Sport

Пављученкова против војната: Живеам во страв, но ќе го кажам тоа што го мислам

Руската тенисерка Анастасија Пављученкова ја критикуваше руската инвазија на Украина, велејќи дека „личните амбиции и политичките мотиви не оправдуваат насилство“, посочувајќи дека ќе секогаш ќе го каже тоа што го мисли.

„Играм тенис од моето детство, цел живот ја претставувам Русија. Ова е мојот дом и мојата земја. Но, сега живеам во страв, како многу мои пријатели и моето семејство. Но, не ми е страв да го кажам моето мислење. Јас сум против војната и насилството. Личните амбиции или политичките мотиви не оправдуваат насилство. Ова ја одзема иднината не само од нас, туку и од нашите деца. Збунета сум и не знам како да помогнам во оваа ситуација. Јас сум само спортист, тенисерка. Не сум политичар, јавна личност, немам искуство. Само можам јавно да не е согласам со овие одлуки и да зборувам отворено за нив. Сопрете го насилството, сопрете ја војната“, вели Пављученкова.

Таа не е првиот спортист од Русија која побара мир. Новиот светски број 1, Данил Медведев изјави дека сака да промовира мир и дека не му е лесно кога ги слуша вестите, додека Андреј Рубљов минатата недела во Дубаи на камерата напиша: „Не за војната“.

Scroll to Top