Top Sport

Фетел прв ја мина целта, а победи Хамилтон

Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, победи на Големата награда на Канада, седмата трка во првенството на Формула 1. Актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман, трката не ја заврши на првото место, но поради казната на победникот Себастијан Фетел поради казната од пет секунди, триумфот му го препушти на Британецот. Трет заврши колегата на Фетел од Ферари, Шарл Леклер.

Хамилтон ја забележа 78 победа во кариерата, поради казната што ја доби Фетел поради она што се случи во 48 круг.

Германецот тогаш погреши во еден свиок, малку возеше по тревата, а потоа го затвори Хамилтон. За тоа затворање многу ќе се дискутира во наредните денови, бидејќи Фетел во комуникацијата со својот тим рече дека не го видел Хамилтон и дека немал намера да го попречи ривалот.

На крајот лутиот Фетел, не го паркираше на местото кое што е предвидено за првите три болиди, не сакаше да даде изјава и на крајот пред болидот на Хамилтон го стави бројот 2.

Бодови во Канада уште освоија Ботас, Ферстапен, Рикардо, Хулкенберг, Гасли, Саинц и Строл.

Во вкупниот пласман води Хамилтон со 162 бода, пред Ботас кој има 133, а трет е Фетел со 100 бода.

Scroll to Top