Top Sport

Португалците ја освоија Лигата на нации (Видео)

Фудбалската репрезентација на Португалија ја освои титулата во премиерното издание во Лигата на нации. На домашен терен, во Порто, Португалија ја победи Холандија со 1:0 (0:0).

Португалија доминираше во финалниот меч, беа конкретни пред голот на Силесен, а Холанѓаните првата сериозна закана ја имаа во 57 минута.

Победникот го реши напаѓачот на Валенсија, Гуедеш на истекот на 60 минута. Гуедеш со силен удар од 17 метри го совлада Силесен.

До крајот на мечот Холандија имаше само една закана преку Депај, но неговиот удар о одбрани Руи Патрисио.

foto/epa

Scroll to Top