Пред утрешниот дерби натпревар против „зебрите“ од Кил, македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Талески заедно со клупските колеги од Рајн Некар Левен ги поздравија своите навивачи за новогодишните и божиќните празници.
Тимовите од ракометната Бундес лига последни ќе ја завршат есенската полусезона, а репрезентативците последни ќе им се приклучат на националните селекции, на подготовките за Мундијалот во Германија и Данска кој ќе се одвива во втората половина на идниот месец.
Погледнете како изгледаат расположените ракометари во новогодишно издание: